– Претседателот на Собранието Талат Џафери учествува на Состанокот на спикери на парламенти на земји членки на НАТО, кој се одржува денеска и утре во Вилнус.
Во состав на македонската делегација се пратениците Миле Талевски, Драган Ковачки и Вјолца Адеми.
На настанот ќе учествуваат претседателите на парламентите на земјите членки на НАТО, претседателката на Парламентарното собрание на НАТО, Жоел Герио Мејлам, помошник-генералната секретарка на НАТО за јавна дипломатија, Баиба Браже, во име на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук, најави собраниската прес-служба.
Дискусијата е поделена на три панели: Глобални предизвици, глобални партнери, глобално НАТО,
Внатрешна трансформација: зголемување на трошоците за одбрана, зајакнување на силите за одвраќање и одбрана, и Силна и независна Украина: план за долгорочна поддршка на Украина а претседателот Џафери е предвиден за клучен говорник во првиот панел од страна на организаторот.
На маргините на состанокот, за учесниците е предвидено следење на демонстративна вежба изведена од припадници на борбената група на НАТО „Зајакнато истурено присуство“.