ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

zhrk ljuboten
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ЖФК Љуботен Тетово стана првак во женското македонско фудбалско првенство по денешното последно 22. коло во кое на домашен терен одиграа нерешено 1:1 со второпласираната екипа на ЖФК Каменица Саса.







Тетовските фудбалерки со овој нерешен резултат освоија вкупно 54 или три повеќе од директните конкурентки ЖФК Каменица Саса кои останаа на второто место со 51 бод.

ЖФК Љуботен поведе во 40. минута со голот на Бразилката Харуми Гоја, додека гостите израмнија со погодок во 76. минута.

Годинава ЖФК Љуботен ги освои двете фудбалски титули и ја одбрани титулата од минатата година. Фудбалерките кои ги предводи тренерот Ивица Радоњиќ на 16 мај  го освоија Купот на Македонија со победа над ЖФК Каменица Саса со 4:0.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK