Блинкен: Со европските колеги имав интензивна и продуктивна дискусија за вештачката интелигенција

blinken
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека тој и неговите европски колеги на Советот за трговија и технологија, што се одржува во Шведска, имале интензивна и продуктивна дискусија поврзана со вештачката интелигенција.

Тој посочи дека Советот дал важен придонес во создавањето на доброволен етички кодекс кој ќе биде отворен за пристап од сите „страни со истомисленици“.


Блинкен изрази жалење поради што не се одржа средба помеѓу американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и кинескиот министер за одбрана Ли Шанфу.

Тој ја повтори важноста од редовни контакти и отворени канали за комуникација со Пекинг.

– Најопасна работа е немање комуникација, рече Блинкен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK