Макрон: Неопходна е европска одбранбена структура

makron
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска изјави дека е неопходна европската одбранбена структура за кредибилитетот на Европска Унија на долг рок.

– Европска одбрана, европски столб во НАТО, е незаменливо. Тоа е единствениот начин да се биде кредибилен… на долг рок. Од Европејците зависи дали во иднина ќе можеме да се браниме, наведе Макрон во Братислава.


Тој го повика Западот да и понуди на Украина „опипливи и веродостојни“ безбедносни гаранции, додека таа се бори со руската инвазија.

– Украина денес ја штити Европа… Во интерес на Западот е Киев да има кредибилни безбедносни гаранции со нас во мултилатерална рамка, посочи Макрон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK