Струмица е единствена општина во државата која има функционален Совет за превенција

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Струмица е единствена општина во државата која има функционален Совет за превенција, којшто ги решава проблемите и е во функција на граѓаните.

Ова го истакна градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој за функционирањето на Локалниот совет за превенција зборуваше пред новиот амбасадор на Мисијата на ОБСЕ во нашата држава, Килиан Вал, партнерите во Советот и градоначалници од Југоисточниот регион.


-Благодарение на функционалниот Локален совет за превенција ги решивме дивите продавачи на земјоделски производи и текстил коишто беа распослани долж булеварите, околу пазарот „Чешел“, а со силна и заедничка одлука на сите партнери во Советот го формиравме и првиот стационар „Лана“ и системски го решаваме проблемот со бездомните кучиња. Продолжуваме со нови предизвици, како што се вандализмот врз урбаната опрема и уличните менувачи на девизи, рече Костадинов.

Според началникот на СВР Струмица, Томе Весев, Локалниот совет за превенција заедно со градоначалникот, полицијата и јавниот обвинител се носители на организацијата на работата.

-Со тој координиран пристап најважно е што тука се среќаваме и преземаме соодветни активности во насока на решавање на проблемите на граѓаните во локалната самоуправа. И од тоа имаме многу придобивки, посебно во однос на заштита на животната средина, нелегалната трговија, сообраќајните површини, воспоставување на сообраќаен режим на општината и решавање на сите други проблеми кои се од интерес на граѓаните, рече Весев.

Денешниот настан беше организиран од СВР Струмица и Мисијата на ОБСЕ во нашата држава, која го поддржува работењето на ова општинско тело.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK