Со завршна приредба, детската градинка „Гоце Делчев” од општина Илинден испрати уште една генерација во прво одделение. Со драмска претстава „Црвенкапа и волкот“, песни и игри, идните првачиња, се поздравија со своите воспитувачки, информираат од општина Илинден.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, на завршната приредба, упатува голема благодарност за вложениот труд на сите воспитувачи и вработени во оваа институција, а на идните првачиња им посакува успеси во училишните клупи.
– Со прекрасна сценографија и костимографија дечињата ја поведоа многубројната публика низ чудесно музичко патување, со што изнудија големи аплаузи од публиката, соопштуваат од локалната самоуправа.