Во партнерство со најреномираните светски IT брендови: Microsoft, Oracle, ISTQB, Adobe, Autodesk, Python Institute…
Во рамки на овогодинешниот проект „Даруваме знаење”, Семос Едукација ја продолжува долгогодишната традиција, овојпат преку доделување на 66 делумни стипендии за најактуелните ИТ профессии – во рамки на Летните менторски програми, Semos Summer Sprints.
Делумните стипендии Семос Едукација ги обезбедува преку својата партнерска мрежа како долгогодишен партнер и авторизиран тренинг и тестинг центар на најпознатите светски IT брендови.
Стипендиите се наменети за сите нивоа на експертиза во соодветната област: од почетници без никакви предзнаења, до експерти кои бараат професионално надградување и официјална сертификација. Истите ќе се доделуваат преку Semos Summer Sprints менторските програми во кои се вклучени пакет на официјални обуки во Семос Едукација, стипендии и работа на реални проекти, под менторство на професионалци со долгогодишно искуство. Обуките вклучуваат и официјална литература, лабови и сертификати кои дополнително ќе ги зголемат знаењата и компетенциите на слушателите.
Најдобрите слушатели ќе добијат можност за проширување на своите професионални хоризонти преку Кариерениот центар во Семос Едукација кој ќе ги поврзе со своите компании партнери.
Оваа година ќе бидат доделени вкупно 66 стипендии за професиите:
1. 8 делумни стипендии за Network Administrator by Cisco
2. 10 делумни стипендии за Software Tester by ISTQB
3. 8 делумни стипендии за AI Ready
4. 10 делумни стипендии за Digital Marketing Specialist
5. 10 делумни стипендии за Python Developer
6. 10 делумни стипендии за BIM Specialist by Autodesk
7. 10 делумни стипендии за Data Analyst by Microsoft
Изборот на овие професии кореспондира со огромната побарувачка на глобално ниво и се отвораат илјадници нови кариерни можности, не само во IT индустријата, туку и во сите други индустрии.
Вештачката интелигенција е во првите редови на технолошката револуција. Data Analyst се вбројува во топ 5 најбарани професии на светско ниво, искористувајќи ја моќта на податоците. Полето на Software testing доживува рапиден раст и е релативно лесно да се стекнат потребните вештини за тестирање, професијата е идеална за сите оние кои сакаат да влезат во ИТ светот без претходно познавање на програмски јазици. Дигиталниот маркетинг не е само тренд туку и траекторија што ја дефинира иднината на маркетингот, користејќи ја технологијата за ефективно ангажирање на целната публика. Python програмерите се многу барани поради разновидноста на овој програмски јазик и широката употреба во различни индустрии.
Дополнително, усвојувањето на дигиталната трансформација во во полето на архитектурата, инженерството и градежната индустрија доведе до брзо зголемување на побарувачката за квалификувани BIM специјалисти. Потпирањето на безбедни мрежи го поттикна континуираниот раст на побарувачката за вешти мрежни администратори.
Летните менторски програми се креирани следејќи ги актуелните трендови, со цел секој да се пронајде во една од овие професии и преку стипендија да добие шанса за перспективна кариера како IT професионалец.
Целта е да се создадат патеки кои ќе им овозможат нови кариерни можности на сите заинтересирани лица, без оглед на нивното претходно искуство и преку работа на реални проекти да бидат спремни за започнување нова кариера во одбраната област.
Ова е одлична можност за сите оние кои сакаат да учат, да напредуваат, да направат целосна преквалификација или да ги прошират своите знаења и да напредуваат во кариерата. Оние слушатели кои ќе покажат целосна посветеност, ќе имаат можност за пракса или вработување во компаниите ментори преку Кариерниот центар на Семос Едукација.
Повеќе за Летните менторски програми – Semos Summer Sprints, прочитајте на следниов линк: https://stipendii.semosedu.com/