Софија ќе забрани возење електрични тротинети во паркови, на тротоари и на пешачки патеки

elektricen-trotinet
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Софија ќе биде забрането возење електрични тротинети во паркови, градини, на плоштади, тротоари и низ пешачки патеки. За непочитување на забраната предвидена е парична казна од 50 лева (околу 25 евра).

Забраната за возење на електрични тротинети е на иницијатива на групите ГЕРБ-СДС и Патриоти за Софија во Советот на општина Софија. Двете партии имаат мнозинство во Советот и новите регулативи најверојатно ќе бидат усвоени до средината на јули доколку не наидат на сериозно противење во јавноста.


Тие вклучуваат повеќе правила за паркирање на тротинетите за да се избегне нивното расфрлање низ градот. За почитување на правилата ќе се бара помош од компаниите кои издаваат електрични тротинети. И за нив се предвидени и казни.

Целта на ограничувањата е да се подобри безбедноста на пешаците и да се избегнат сообраќајни несреќи.

Нема официјални податоци за бројот на електрични тротинети, познато е само дека трите компании за изнајмување имаат околу 2.000 електрични тротинети.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK