Косовскиот премиер Албин Курти денеска учествува на глобалната безбедносна конференција Глобсек во Братислава. Дел од регионалните меидуми вчера јавија дека Курти го откажал учеството на овој настан.
На Твитер профилот на оваа конференција беше објавено дека Курти „веќе пристигнал во просториите каде што се одржува конференцијата“.
„Премиерот на Косово, Албин Курти, пристигна на форумот #GLOBSEC2023 во Братислава. Слушнете го подоцна во разговорот насловен: Во центарот на вниманието: Иднината на Косово“, се вели во твитот.
Портпаролот на Владата на Косово, Перпарим Криезиу, вчера изјави дека поради ситуацијата на северот на Косово, Курти го одложил учеството на конференцијата.
„Планирано е да се оди. Но, поради случувањата во земјава, учеството е одложено. Се уште не е сигурно дали ќе учествува или не“, изјави вчера Криезиу.