Вкупно 161 санкција за брзо возење на територија на цела држава

radar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Санкционирани се вкупно 161 возач во текот на вчерашниот ден во акцијата на Министерството за внатрешни работи спроведена на територија на цела држава.

Како што соопшти МВР, девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно со дури над 70 километри на час над дозволеното.


Притоа 90 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 71 надвор од населено место.

– Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK