ОН загрижени поради недостигот на жени во кинеската влада

un-women
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Отсуството на жени во највисокото раководство на Кина е загрижувачко, се вели во извештај на Обединетите нации, во кој се препорачува Кина да усвои законски квоти и систем на родова еднаквост за да се забрза рамноправната застапеност на жените во владата.

Препораките до Кина од Комитетот на ОН за елиминација на дискриминацијата врз жените, доаѓаат заедно со наодите за Германија, Исланд, Словачка, Шпанија, Источен Тимор, Венецуела, како и централноафриканската држава Сао Томе и Принсипе.


Според Комитетот, иако кинеската застапеност на жените во политичкиот и јавниот живот е зголемена, причина за загриженост е тоа што жените претставуваат само 26,54 отсто од пратениците во 14-тиот Секинески народен конгрес. Комитетот ја повика Кина да го зголеми бројот на жени во сите владини канцеларии, вклучително и судството и странската служба, особено на нивоа на донесување одлуки.

– Од октомври 2022 година, немало ниту една жена меѓу 24-те членови на Политбирото на Комунистичката партија на Кина за прв пат по 20 години, а нема ниту една меѓу седумте членови на Постојаниот комитет на Политбирото, стои во извештајот.

Комитетот ја изрази својата загриженост поради прекумерните ограничувања за регистрација на невладини организации, како и извештаите за заплашување и малтретирање на бранителите на човековите права.

Кинеското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето за коментар за извештајот.

ОН, исто така, ја повика Кина да ги укине „несразмерните ограничувања“ за регистрација на невладини организации и да се погрижи жените бранители на човекови права да не бидат подложени на заплашување, вознемирување и одмазда за нивната работа.

И феминистичките гласови се замолчени, а во последниве години владата сè повеќе ја нагласува вредноста на традиционалните улоги на жените, се истакнува во документот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK