Отворениот кабинет на Спасовски почнува на 5 јуни во СВР Штип

otvoren-kabinet
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од петти јуни ќе почне да се спроведува новиот проект на Министерството за внатрешни работи „Отворен кабинет“, во рамки на утврдениот концепт „МВР за граѓаните“. Проектот ќе се реализира со неделна диманика во наредните два месеца.

– Ако имате прашање за министерот, идеја која сметате дека ќе ја подобри безбедноста, предлог за подобрување на севкупното работење на полицијата, а притоа досега не сте имале можност да ја презентирате во неговиот Кабинет во Министерството за внатрешни работи, Кабинетот на министерот Спасовски на еден ден ќе дојде кај вас – во Секторот за внатрешни работи кој го покрива подрачјето каде што живеете, соопшти МВР.


Според МВР, непосредната комуникација со граѓаните е неопходна за секое прашање, предлог или проблем, а безбедноста е врвен заеднички приоритет.

– Секој вторник ќе имате известување каде ќе се сели Кабинетот идната недела, а ваше е, на телефонскиот број 072 33 31 85 или на електронската адреса [email protected], да закажете термин за средба со министерот Спасовски, за потребите кои ги имате, се вели во соопштението.

Отворениот кабинет на министерот Спасовски почнува на 5 јуни, во 9.00 часот, во просториите на СВР Штип.

– Ги очекуваме граѓаните од ова подрачје во текот на оваа недела, телефонски или електронски, да си закажат термин за средба со министерот, а неговиот тим ќе ве пречека и ќе ви овозможи и вашето мислење да добие на значење, да бидете дел од процесот на креирање политики во врска со безбедноста која нѐ засега сите нас. Да покажеме заеднички дека помина времето кога МВР беше затворена институција. Да докажеме уште еднаш дека полицијата е во служба на граѓаните и мислењето на секој граѓанин вреди, наведуваат од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK