Законот за зголемување на плафонот на американскиот долг ја помина првата пречка

vashington
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Комисијата за правилник на американскиот Конгрес со 7 спрема 6 гласови го одобри законот за кој преговараа претседателот Џо Бајден и претседателот на Конгресот Кевин Мекарти за зголемување на горната граница на американскиот долг од 31,4 милијарди долари и постигнување нови кратења на федералните трошоци.

Законот денеска ќе биде на расправа во Конгресот, по што се очекува гласање за негово усвојување.


Причината зошто овој Закон едвај помина на Комисијата е тоа што двајца републиканци, Чип Рој и Ралф Норман, не ја почитуваа партиската одлука и гласаа против.

Со оглед на тоа што републиканците имаат тесно мнозинство во Конгресот со 222-213, можно е да има повеќе членови од таа партија кои ќе гласаат против Законот, па ќе биде потребна помош од демократите за да се донесе и да се достави до Сенатот за одлука.

Оваа мерка мора да биде одобрена од Конгресот до 5 јуни, во спротивно Министерството за финансии може да остане без средства за плаќање на долговите за првпат во историјата на САД, а тоа би можело да предизвика економски хаос и во САД и во светот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK