Локалните власти ја објавија причината за промената на бојата на водата во Големиот канал во Венеција.
Како што објави „Гардијан“, локалните власти соопштија дека промената се должи на флуоресцеинот, нетоксична супстанца што се користи за тестирање на канализациските мрежи.
Мештаните забележале дека водата во каналот позеленила во неделата, поради што полицијата ги истражувала причините, а се шпекулирало дека тоа може да е настап на екологистот.
Анализата покажа „присуство на флуоресцеин во земените примероци“, наведува регионалната агенција.
Резултатите „не покажаа присуство на токсични елементи во анализираните примероци“, се наведува.
Ова не е прв пат водата во овој канал да позелени.
Во 1968 година, аргентинскиот уметник Николас Гарсија Урибуру ја обои водата зелена со флуоресцентна боја за време на Биеналето во изведба за промовирање на еколошката свест.