Советот на Општина Босилово по шести пат одби барање за донесување одлука против експлоатација на металични суровини

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Советот на Општина Босилово по шести пат ја одби иницијативата и барањето на советникот Стојан Велков-Трн, од редовите на активистите кои се против отворање рудник на оваа територија, за донесување одлука за мислење во врска со иницијативи за вршење на геолошки истражувања и експлоатација на металични минерални суровини.

Велков-Трн пред почетокот на седницата постави транспарент со своето барање. Според него, со ваква одлука Општината ќе се заштити и во иднина од експлотација на металични суровини.



-Ако точката помине на дневниот ред, тогаш ќе бидеме заштитени од сите напаѓачи на нашата животна средина. Доколку Вишиот управен суд донесе одлука да се одземе концесијата на „Еуромакс ресоурцес“, тогаш оваа точка ќе биде поврзана со овој рудник и постапката ќе мора да почне одново, а ние како Совет ќе се заштитиме со тоа што сме кажале дека не сакаме да имаме ваква индустрија, вели Велков-Трн.

Тој повтори дека по шести пат го поднесува ова барање и, како што рече, бара од Советот официјално да му се одговори зошто е неиздржана.

-Мене повеќе ме загрижува што овој Совет нема никаков став и што не сакаат да се разговара за ова. Јас барам заедно да разговараме сите советници и градоначалникот и да се донесе став по тоа прашање, додаде советникот Стојан Велков-Трн.

Неговото барање беше одбиено со осум гласови против и седум за, а според одговорот од градоначалникот Ристо Манчев барањето е незаконско за донесување таква одлука, бидејќи Општината нема ингеренции по тоа прашање

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK