Обука за финансирање на бизнисот на жените претприемачи во Кочани

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Здружението на бизнис жени денеска во Кочани реализираше обука за жени претприемачи од Источниот регион, во рамки на локалните активности на Националната платформа за женско претприемништво.

Обуката на тема ,,Финансирање на бизнис и пристап до финансии“ се спроведе со целна група од дваесетина жени кои почнуваат или веќе имаат развиено сопствен бизнис, без разлика дали е дел од производствената, услужната, трговската, занаетчиската, земјоделската или друга дејност.


-Статистичките податоци покажуваат дека само околку една петина од целото претприемништво го водат жени, а тоа пред сè се микро компании или жени кои работат во занаетчиство или земјоделство. Ова е втора обука што се одржува кај нас, а идејата е да ги зајакнеме постојните, но и да им помогнеме на потенцијалните жени претприемачки за прашања и теми што се од важност за успешно одржување на нивните бизнис идеи и потфати. Намерата е на оние што веќе се навлезени во претприемништвото да им овозможиме да растат и да се прошируваат, а останатите кои имаат план и визија, но им недостига храброст, да им помогнеме да почнат сопствен бизнис и полесно да ги надминат почетните потешкотии, истакна Ирена Мирчовска, координаторка на Националната платформа за женско претприемништво за Источниот регион.

Низ практични примери, на обуката во Кочани беа објаснети најчестите финансиски и правни пречки при почнувањето сопствен бизнис, но и грешките што ги прават малите претприемачи при обезбедувањето одржливост и стабилност во финансиското работење. До крајот на проектот планирани се уште три обуки на кои ќе се разработуваат и други аспекти за унапредување на женското претрпиемништво во регионот.

Обуките во рамки на Националната програма за женско прептиемништво се разлизираат со финансиска поддршка од ЕУ, а во соработка со Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување (МИР) и Сојузот на Стопански комори на Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK