Вкупно 39 медали за Македонската традиционална теквондо федерација на „Гран при Зворник 2023“

gran-pri
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вкупно 39 медали од кои 10 златни, осум сребрени и 21 бронзен освоија членовите на Македонската традиционална таеквон-до федерација (МТТФ) на Меѓународниот таеквон-до ИТФ А класа натпревар „ГРАН ПРИ Зворник 2023“ што се подржа во БиХ.

Претседателот на МТТФ, Марјанчо Лазаревски информира дека учествувале со 33 натпреварувачи, двајца судии, шестмина тренери и три официјални лица. Натпреварувачите биле од таеквон-до ИТФ клубовите „СОНКАЛ“ од Мислешево Струга, „ЧОНЏИ“ од Косел „МАСТЕР“ од Охрид, „АХИЛИУС“ од Скопје и „ХВА РАНГ“ од Лескоец Охрид.


– Пријатно сум изненаден од нашите натпреварувачи од сите клубови кои учествуваа. Посебно беше изненадувањето од дебитантите кој имаа осум години, Теодор Ѓорески од Таеквон-до ИТФ клуб СОНКАЛ Мислешево Струга освојувајќи бронзен медал во спаринг деца 8-10 години -30 кг, кој после две последователни победи беше победен во полуфиналето од страна на судиите во корист на претставникот од Украина. Исто така и Димитар Јосифоски од Таеквон-до клуб ХВА РАНГ ИТФ Лескоец Охрид освојувајќи сребрен медал во спаринг деца 8-10 години -25кг. Исто така сум презадоволен од тренерите, судиите и официјланите лица кои најпрофесионално си ги извршија своите обврски, рече Лазарески.

На натпреварот во Босна и Херцеговина учествувале околу 450 натпреварувачи, од 50 клубови од 15 земји од Европа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK