Вашингтон се закани со санкции против Уганда ако земјата усвои закон против хомосексуалците

department-of-state
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

САД се длабоко загрижени од изгласувањето на законот за антихомосексуалност во Уганда, со што се поткопуваат човековите права, прогресот и благосостојбата на сите граѓани на Уганда, соопштија синоќа од американскиот Стејт департмент.

Реакција имаше и од Белата куќа со предупредување за санкции против оваа африканска земја ако законот биде усвоен.


– Неуспехот на Уганда да ги заштити човековите права на ЛГБТКИ+ лицата е дел од пошироката деградација на заштитата на човековите права со што граѓаните на Уганда се пред ризик да биде оштетена репутацијата на нивната земја како дестинација за инвестиции, развој, туризам и бегалци, изјави државниот секретар Ентони Блинкен.

САД ја повикуваат Владата на Уганда да се воздржи од имплементација на закони што ги поткопуваат човековите права, стои во соопштението.

Од Белата куќа стигна предупредување за санкции против Уганда ако овој закон наскоро биде усвоен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK