Голманот на Виљареал, Петер Гулачи, го пропушти натпреварот од Лигата на шампионите против Наполи поради вооружен грабеж во неговиот дом, објави клубот.
Шпанските медиуми објавија дека вооружени мажи провалиле во домот на унгарскиот голман, додека тој бил таму со сопругата и двете деца.
Тоа се случило ноќта пред натпреварот од Лигата на шампионите, поради што клубот одлучил да го изостави од протоколот.
Виљареал во краток извештај изјави дека 36-годишниот Гулачи нема да биде во составот „од лични причини“.
Медиумите на Пиринејскиот Полуостров не соопштија дали има повредени во нападот.
Местото на Гулачи на голот го зазеде Луиз Жуниор, а Виљареал го победи Наполи со резултат од 3:1.
Гулачи пристигна во Виљареал во август од РБ Лајпциг. Тој помина повеќе од десет години во германскиот клуб, откако претходно играше за Ред Бул Салцбург и Ливерпул.
Тој одигра 58 натпревари за унгарската репрезентација.
Foto/ Depositphotos