Нова мисија на кинеската вселенска станица, меѓу астронаутите за првпат и цивил

astronauti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кина денеска испрати тројца нови астронаути во својата вселенска станица Тиангонг, меѓу кои за првпат има и еден цивил.

Како што јавуваат странските агенции, новата мисија е драгоцено искуство за Кина, која повторно потврди дека сака да испрати човек на Месечината до 2030 година.


Мисијата Шенџу-16 беше успешно лансирана во 9:31 часот по локално време од центарот за лансирање во пустината Гоби.

Првиот кинески цивил во вселената е 36-годишен научник кој ќе биде одговорен за експериментите во вселенската станица.

Престојот во Тиангонг (Небеска палата) ќе трае шест месеци.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK