Маричиќ во Брисел, продолжува скринингот за третиот Кластер

maricik
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ е во дводневна посета на Брисел, каде што продолжува билатералниот скрининг од Кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“, соопшти СЕП.

Денеска на билатералната скрининг агенда е Поглавјето 26, „Образование и култура“ и Поглавјето 20, на кое збор ќе земат и министерката за култура, Костадиновса Стојчевска и министерот за образование, Јетон Шаќири, а утре Поглавјето 20, „Претпријатија и индустриска политика“.


Во рамки на посетата покрај учеството на скрининг состаноците, вицепремиерот Маричиќ ќе има неколку средби во Европскиот парламент со европратениците од група на прогресивна алијанса на социјалисти и демократи Тонино Пицула, Матјаж Немец, Андреас Шидер, европратеничка од група на Зелените, Тинеке Стрике и со европратникот од група Обновена Европа, Клемен Грошељ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK