Во малиот салон на Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје вечер ќе биде отворена самостојната изложба „Фрагменти“ на Билјана Билбилоска. Ќе бидат претставени слики изработени во акрилна и маслена техника.
– Тематски изложбата ги преиспитува основните ликовни принципи и постулати. Оваа изложба го раскажува наративот на формализмот во уметноста на еден современ начин, го владее реконструирањето на взаемните комуникации на боите и формите, и нивното меѓусебно влијание. Прашањата кои ќе ги постави, исто така, гравитираат околу тоа колку формата ја одредува бојата и во која мера бојата ја менува формата, ги преиспитува границите на полнотата на боите и нивната промена и минливост предизвикана од поставувањето на бојата во рамките на обликот и на линијата, вели авторката Билбилоска во најавата за изложбата.
Изложбата „Фрагменти“ е поддржана од Министерството за култура.