Министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија.
Кошарац ќе биде пречекан од министерот за економија Крешник Бектеши по што ќе биде реализирана билатерална средба, а ќе бидат потпишани и два билатерални договори.
Министрите ќе потпишат Договор за економска соработка меѓу Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина и Договор за соработка во областа на туризмот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Босна и Херцеговина.
По потпишувањето на договорите предвидени се изјави на двајцата министри.