Во рамки на теренската активност „Ова е Макеоднија за сите“ претставници на ВМРО-ДПМНЕ денеска посетија повеќе населени места.
Координаторот на пратеничката група на партијата заедно со други членови на ВМРО-ДПМНЕ беше во општина Лозово.
– Откупот на грозје е најголем проблем во општина Лозово, десниот магистрален канал целосно руиниран, изјави Мицевски.
Тој додаде дека голем проблем е што во овој крај питка вода за пиење од хидросистемот Злетовица нема, а властите молчат.
– Дополнително на тоа увозот на евтина работна сила од Индија веќе е реалност во нашата држава. Нашите млади образовани кадри заминуваат, работат по белосвет, а во нашата држава се увезуваат Индијци за работа, рече Мицевски.
Како што се наведува во соопштението од партијата, тој вели дека нивната коалиција има решенија за овие проблеми.
-Проблемите се исти, проблемите ги тиштат граѓаните буквално секој ден затоа што оваа Влада на Димитар Ковачевски направи катастрофа низ цела Македонија во секое Село и Општина. Тука сме да ја најавиме програмата на ВМРО-ДПМНЕ, Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски“, рече членот на ИК на партијата Владимир Ѓорчев кој беше во неколку села во Дојран.
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Љутков заедно со други претставници на партијата беше во Општина Зелениково и ги посети Ново Село, Пакошево и Страхојадица.
– Генерално жителите од овие населени места се незадоволни од односот и третманот на Владата, изјави Љутков.
Како што посочи тој, од владата нема никаква поддршка за поголеми проекти и инвестиција во општина Зелениково.