Македонски концепт ја промовира младинската асоцијација на партијата

Capture
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопје, 28 мај 2023 







Денес 28.05.2023 година во Скопје, под слоганот „СВОИ НА СВОЕТО“, беше промовиран МАКЕДОНСКИ МЛАДИНСКИ КОНЦЕПТ, младинската асоцијација на партијата Македонски Концепт. За национален тим лидер (претседател) на ММК беше избрана Бојана Миленковска, студент на Економски факултет при УКИМ во Скопје.

Членови на младинската асоцијација ММК може да бидат сите државјани на Република Македонија од 16 до 30 годишна возраст, без разлика на било која етничка, верска или останата припадност. Членовите над 18 годишна возраст по сопствен избор, може да бидат членови и на партијата.

На присутните им се обрати НТЛ Бојана Миленковска, која ја истакна врвната вредност на која се основа оваа младинска организација, а тоа е подготвеноста да се остане тука во Македонија и младите да се изборат за својата иднина, тука дома, Свои на Своето!

Младинската организација има свое лого, слоган и автономен статус во рамки на партијата, се раководи од свој Извршен Тим и започнува со посветена работа на терен, низ целата Република, првично за органзирање на Регионални Тимови, а потоа и Општински. Тоа е најдобар пример за внатрепартискиот демократски капацитет на Македонски Концепт, на кој се посветува особено внимание од страна на сите партиски активисти.

Тим за комуникации на Македонски Концепт

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK