На територијата на СВР Битола санкционирани девет возачи под дејство на алкохол

dreger
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вкупно девет лица се санкционирани при акциската контрола на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол што во текот на изминатата вечер, во периодот од 21:00 до 3:00 часот, беше спроведена на територија на СВР Битола.

Од нив, како што информира МВР, пет се санкционирани на територија на Битола три во Ресен и еден во Македонски Брод. За време на контролата биле санкционирани и четири други видови прекршоци.


Од МВР најавуваат дека акциските контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK