Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на оштетената


kradec_345544
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи – Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево завчера во 13:00 часот на  подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода Н.Н.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение на сторено кривично дело тешка кражба на дрзок начин.

Како што информира МВР, околу 11:00 часот на улицата „Бојмија“ пријавениот од 61-годишна скопјанка одзел златен синџир што го носела.


-Со него бил извршен службен разговор во кој го признал кривичното дело, а исто така било извршено препознавање од страна на оштетената. Известен бил Јавен обвинител. По преземени мерки и извршени проверки констатирано било дека пријавениот златниот синџир го заложил во заложна куќа на подрачјето на Аеродром, по што бил одземен и вратен на оштетената, соопшти МВР.

Од страна на Судија на претходна постапка на Н.Н. одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK