Кинескиот млазен авион C919 денеска ќе го има својот прв комерцијален лет

avion_kina_23423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Чајна Истерн ерлајнс (China Eastern Airlines), компанија која го купи првиот домашен, кинески млазен авион C919, денеска ќе го реализира својот прв комерцијален лет, покажа апликацијата на авиокомпанијата.

Авионот C919 ќе полета со бројот на летот MU9191 во 10:45 часот по локално време од меѓународниот аеродром Шангај Хонгкиао и ќе слета во главниот град на Пекинг во 13:10 часот, јавува Ал Џезира.


Комерцијалното работење на C919 означува пресвртница во надежите на Кина дека авионот ќе го разбие долгогодишниот дуопол на Ербас и Боинг во глобалната воздухопловна индустрија.

Авионот беше произведен од страна на Commercial Aviation Corp of China како конкурент на „семејствата“ на авионите „Ербас А320нео“ и „Боинг 737 МАКС“ и веќе има спроведено голем број летови без патници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK