ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски прифаќа лидерска средба, но бара да се разговара и што по неуспехот на уставните измени

mickoski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Кога станува збор за националните и државни интереси, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е подготвен да разговара во било кое време, но бара да се разговара и за тоа што ќе се прави во периодот по неуспехот на уставните измени.

-Доколку постои желба за национално единство и слушање на гласот на мнозинството, прифаќаме лидерска средба на која треба меѓудругото да се види што ќе се прави во периодот по неуспехот на тие уставните измени и иднината на граѓаните која треба да се обезбеди, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека во наредните десет дена ќе го покани Мицкоски на средба.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK