Специјалниот претставник на Кина Ли Хуи на средба со Лавров за решавање на украинската криза

kina
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Специјалниот претставник на Кина за евроазиски прашања Ли Хуи ја напушти зградата на руското Министерство за надворешни работи, каде што денеска имаше средба со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, без да даде никакви коментари. Ли и Лавров разговараа за решавање на украинската криза.

Претходно руската дипломатска служба објави дека кинескиот специјален пратеник требало да разговара и со рускиот заменик министер за надворешни работи Михаил Галузин.


Посетата на кинескиот претставник на Министерството траеше час и половина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK