Фич предупредува на евентуален банкрот на САД

fitch
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Агенцијата Фич предупреди дека може да го намали кредитниот рејтингот на американските банки „Фани Меј“ и „Фреди Мек“, сигнализирајќи драматично краток рок за договор за зголемување на лимитот на американскиот долг, што веќе предизвика прашања за рејтингот на САД.

Фич пред два дена сигнализираше дека може да го намали рејтингот на САД ААА доколку Белата куќа и Конгресот наскоро не постигнат договор за зголемување на лимитот на долгот на земјата, кој моментално изнесува 31,4 трилиони долари.


Според Фич, кредитниот рејтинг може да биде намален доколку Вашингтон навреме не го зголеми лимитот за задолжување или не го суспендира, нагласија тие.

Американското Министерство за финансии повеќе пати предупреди дека може да има проблеми со исполнувањето на финансиските обврски уште на почетокот на јуни.

Фич очекува дека договорот за лимитот на долгот ќе биде постигнат пред 1 јуни, но проценува дека постои зголемен ризик Белата куќа и Конгресот сепак да не го подигнат лимитот навреме, што „би бил негативен сигнал за поширокото управување и подготвеноста на САД да ги исполнат своите обврски“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK