„Денови на шпанската литература“ во Друштвото на писателите на Македонија

drushtvo-na-pisateli
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во свечената сала на Друштвото на писателите на Македонија денеска со почеток во 11 часот, ќе се одржи манифестацијата „Денови на шпанската литература“.

Како што информираат од Друштвото на писателите на Македонија, манифестацијата ќе започне со блокот „Поезија од Лорка“, во интерпретација на Лилјана Стоилковска и учениците од гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Скопје.


Свеченото отворање на манифестацијата ќе биде со поздравен говор на Христо Петрески, претседател на Друштвото на писателите на Македонија и Хосе Луис Лосано Гарсија, амабасадор на Кралството Шпанија во Република Северна Македонија.

Осврт за објавените шпански автори и дела на македонски јазик ќе има д-р Марина Мијаковска од Народната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“ – Скопје.

На свеченоста, ќе бидат врачени и признанија за преводите од шпански на македонски јазик и од македонски на шпански јазик на професор д-р Огнена Никуљски, на амбасадорот Хосе Луис Лосано Гарсија и заменик шефот на Мисијата, Ернесто Хередеро дел Кампо – за презентацијата, афирмацијата, размената и соработката на шпанската и македонската книжевност, уметност и култура.

Манифестацијата ќе заврши со трибина на тема „Подотворениот прозорец кон Шпанија и шпанската литература”, а на трибината ќе учествуваат професор д-р Христо Петрески (модератор), професор д-р Огнена Никуљски, професор д-р Кристина Николовска, професор д-р Александар Прокопиев, професор д-р Наташа Сарџоска и м-р Стефан Марковски.

Дополнително, од 25 мај – 10 јуни, во книжарниците во Скопје и низ државата ќе има промоции и попусти на книгите од шпански автори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK