Мицотакис на привремениот грчки премиер му предаде обемен материјал со клучни податоци за работата на Владата

Micotakis
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обемен материјал со, како што рече, клучни и корисни податоци поврзани со работата на Владата и функцијата на државата, му предаде, сега веќе поранешниот премиер Кирјакос Мицотакис, на новиот, привремен претседател на грчката Влада Јоанис Сармас, при примо-предавањето на функцијата во Премиерската палата, јави дописничката на МИА од Атина.

Сармас ќе биде премиер на Грција до 25 јуни, кога во земјата ќе се одржат изборите, а Мицотакис му посака успех во исполнувањето на должностите како привремен премиер.


-Би сакал да ја искористам оваа прилика да ви предадам прилично обемен коверт кој вклучува низа податоци кои верувам дека ќе ви бидат корисни, како што се збирна презентација на функциите и резултатите од претседавањето со Владата, спроведениот план на владината политика за 2023 година, детална белешка за меѓународните обврски на земјата, како и критичните оперативни датуми од следниот квартал како и годишните акциони планови на министерствата, објасни Мицотакис.

Привремениот премиер на Грција истакна дека неговата Влада има надлежност да се спроведат законите до одржувањето на новите избори.

-Оваа Влада ќе биде службена влада, која секако ќе ги има сите овластувања, но само овластувањата да го спроведува законот додека овде, во Премиерската пала, не се врати оној кој ќе произлезе од волјата на народот. Привремениот премиер, врховен судија, многу добро знае дека тоа е само за организирање на изборите и за продолжување на функционирањето на извршната функција на државата,без да има прекин, истакна Сармас.

Откако привремениот грчки премиер положи свечена заклетва и официјално ја презеде функцијата од Мицотакис, се очекува да биде соопштен и составот на преодната, службена Влада на Грција, чиј мандат ќе биде до изборите на 25 јуни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK