Денеска македонската држава на достоинствен начин ги чествуваше Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј, нивното дело, вредности и наследство.
Само ВМРО-ДПМНЕ иако беше поканета не учествуваше во државното одбележување.
На овој голем ден, не само што ВМРО-ДПМНЕ ја игнорираше поканата и државното одбележување, туку си направија паралелна, партиска.
Ова однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ покажува дека немаат чувство за државност, заедништво ниту пак знаат да ги почитуваат државните и национални вредности.
Причината за ова можеби се успесите на Владата предводена од СДСМ да го сочува и да го обезбеди македонскиот јазик и идентитет и во ОН и во ЕУ, додека ВМРО-ДПМНЕ лажно тврдеше дека ќе има бугаризација и асимилација.
Но, во секој случај, со овој потег Мицкоски потврди дека неговите повици за единство се лажни, лицемерни и неискрени.
Со почит,
Центар за комуникации на СДСМ