Во Штип свечена академија и откриен споменик на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј

kiril i metodija 11
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Штип денеска  беше откриен споменик посветен на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј, а е лоциран на кружниот тек кај Соборниот храм на Брегалничката епархија „Свети Никола“.


Митрополитот на Брегалничката епархија господин Иларион заедно со свештиници извршија осветување на споменикот. Тој се заблагодари на донаторите, градоначалникот на Општина Штип и на советниците, кои одлучија овој споменик да биде поставен на ова место, односно каде што било најстарото училиште во Штип, а го носело името на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“. Посочи дека ова дело ќе сведочи за нивната просветителска и мисионерска дејност во Брегалничкиот регион и во Моравија и Пајонија.

-Денеска посебно се радуваме што токму на ова место, каде што посетоело училиште и многумина што се повозрасни се сеќаваат на тоа училиште и учеле во него. Тоа училиште постоело се до 1977 година, а потоа е срушено. Училиштето било посветено токму на светите браќа, Светите Кирил и Методиј, вели г. Иларион.

Споменикот е дело на уметникот Далибро Николовски, кој го работел речиси половина година. Николовски вели дека има направено неколку бисти како и споменикот во Општина Зрновци.

-Споменикот го работев околу пет месеци и е работен во полимер, со висина од два метра и 20 сантиметри, вели Николовски.

Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов  упати благодарност до сите чинители кои придонеле за денеска во Штип се открие споменик, токму на денот кога се слави празникот Свети Кирил и Методиј.

-Штип е образовен центар, токму светиот Кирил ја проповедал Брегалничката мисија, голема симболика на еден голем христијански ден, вели  Јорданов.

На настанот присуствуваа голем број граѓани кои сведочеа на откривањето на споменикот во Штип. Во салата на Советот на Општина Штип беше одржана и свечена академија Признание на просветните работници и огромна благодарност упати градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов по повод денот на сесловенските браќа Кирил и Методиј. Во говорот на свечената Академија, Јорданов зборуваше за истрајноста и пожртвуваноста на просветните работници, со која постигнуваат резултати на многу полиња.

-Вашите успеси за кои денеска Општина Штип ви оддава признание се само доказ за истрајноста и пожртвуваноста, но и за светоста на вашата професија. Постигнавте успеси на сите полиња и градите личности кои ќе ја продолжат изградбата на нашата заедница. Вашата благородна професија е ненадминлива,  вели Јорданов.

За првпат годинава општината ги награди најдобрите ученици на лични творби на тема „За светите браќа Кирил и Методиј“. На натпреварот учествуваа 33 творби во три категории, ученици од одделенска, предметна и за ученици од средните училишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK