Мицкоски на чествувањето на СВ Кирил и Методиј: Нема лева или десна, проевропска или происточна, постои само една Македонија!

mickoski_24_001
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сакам да порачам нема лева или десна, постои само една Македонија! Не постои понуда за брод на кој мораме да се качиме за ЕУ, во делови или целосно. Постои работа, труд, реформи и принципи кои мораме да ги направиме за да влеземе во ЕУ, необезличени и со достоинство, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговиот говор при денешната свечена церемонија во црквата Св. Софија, по повод одбележување на на празникот на рамноапостолите Св. Кирил и Методиј.

Мицкоски истакна дека не постои европски фронт за Македонија или проруска Македонија, постои само Македонија со иднина кои сами ја градиме, со европска перспектива кои сами мораме да ја оствариме.


– Ова е Македонија за сите. Македонија која е нашиот единствен дом, нагласи Мицкоски.

Тој посочи дека ние Македонците ја имаме оваа, наша, држава, држава за којашто нашите предци се бореле, крвавеле, гинеле.

– Оваа држава оставена во наш аманет. Оваа држава каде растат нашите деца. Македонија којашто е наш дом. Ние ја чувствуваме Македонија како наш дом и затоа го штитиме овој дом. Никој не може да ја сака оваа држава повеќе од нас Македонците. И затоа ние ќе направиме се оваа држава да успее. Да не се предаваме пред умирањето на надежта, да не се откажуваме лесно од она што е наше, да се бориме да направиме достојна држава за живеење за секој во Македонија. Бидејќи Македонија за сите, Македонија за сите граѓани, мора да биде реалност, изјави Мицкоски.

Тој додаде немаме друг избор, изборот е едноставен или ќе направиме држава каде ќе се цени квалитет, чесност, каде ќе има систем што сега не постои, или ќе имаме постојано порази на сите полиња и не смее да има граѓани од прв и втор ред, не смее некој да игра со нашата судбина, потенцираше Мицкоски.

–   Ако има некое дете на улиците во Скопје, кое не знае да чита, верувам дека тоа ме засега и мене, иако не е мое дете. Повозрасен човек кој не може да си плати за своите лекарства, тој ме засега и мене иако тој не е мој роднина или родител. Ако има некој млад човек кој има капацитет, сила за наука и мотив, а нема доволно средства за школување, тоа е и моја загуба, иако тој млад човек не е мој познаник или пријател. И мораме да го запазиме тој фундамент дека и да јас сум чувар и јас имам одговорност и за тоа дете кое не знае да чита, за тој млад човек кој пропушта шанса за образование или за тој повозрасен човек кој не може да си плати за своите лекарства. Затоа велам сите ние сме како еден. И така мора да се однесуваме за секој предизвик со кој се соочуваме. Само така е се помагаме и поддржуваме еден со друг и така ќе постигнеме национално единство за кое говорам. Така ќе бидеме брана и за сите национални удари врз нашите темели, рече Мицкоски во неговиот говор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK