Николоски на Пленарен состанок на Комитетот на Moneyval во Советот на Европа во Стразбур – Усвоениот извештај за РС Македонија патоказ за зајакнување на системот за борба против перење пари и финансирање тероризам

filip_34242432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Република Македонија континуирано го надградува и развива системот за спречување на перење пари и финансирање тероризам преку имплементација на меѓународните стандарди и презема голем број иницијативи за нивно побрзо и поефикасно спроведување како стратешка цел. На тој пат значајна е улогата на Комитетот на Moneyval којшто придонесува за создавање поефективен систем. Ова го истакна заменик-министерот за финансии Филип Николоски кој ја предводи делегацијата на Р Македонија на 65-тиот Пленарен состанок на Moneyval што се одржува во Советот на Европа во Стразбур, а на кој се усвои Нацрт – изештајот за евалуација на РС Македонија за системот за борба против перење пари и борба против финансирање тероризам.
„Ги цениме напорите на Moneyval во деталната проценка на нашиот систем и препорачаните активности кои се во насока на надградување на домашниот систем за борба против перење пари и борба против финансирање тероризам“, рече заменик-министерот за финансии.

Тој ја истакна важноста и значењето на овој состанокот и се заблагодари на поддршката и посветеноста на Moneyval Комитетот во текот на целиот процес на оценување. Извештајот, како што потенцира, ќе биде патоказ за зајакнување на системот во иднина.
Членството на РС Македонија во Moneyval претставува можност на земјата да ги следи промените во меѓународното законодавство во областа на спречување перење пари и финансисрање тероризам  и имплементација во домашното законодавство, создавање мерки за соодетни одговори на новите трендови и облици на перење пари и финансирање тероризам,  како и воспоставување ефективни механизми за национална и меѓународна соработка помеѓу надлежните домашни и странски органи со цел да се спречи перењето пари и финансирањето тероризам како криминална појава што ја поткопува стабилноста на финансискиот систем. За ефикасно справување со оваа појава значајна е улогата и зајакнување на капацитетите на институциите вклучени во нејзиното спречување и особено на Управата за борба против перење пари и финансирање тероризам со цел препознавање и ефикасно дејствување. За таа цел во Управата е имплементирана современа платформа наменета за субјекти што применуваат мерки и дејствија за спречување перење пари и финансирање тероризам.


Усвојувањето на Нацрт-извештајот за евалуација на РС Македонија за системот, е заокружување на процес што е започнат во декември 2021 година. Ова е 5-от круг на евалуација на системот за спречување на перење пари и финансирање на тероризам на нашата држава, со кој се оценува техничката усогласеност со препораките на ФАТФ, односно нашата правна и институционална рамка и ефикасноста на системот преку имплеменатција на законските надлежности и постигнатите резултати.

Moneyval Комитетот на експерти за евалуација на мерките за спречување на перење пари и финансирање на тероризам е мониторинг тело на Советот на Европа со 47 земји-членки, кoјшто поднесува извештаи директно до својот главен орган, Комитетот на министри на Советот на Европа. Задачата на Moneyval е да ја процени усогласеноста на земјите членки со меѓународните стандарди за борба против перењето пари и финансирањето на тероризмот и ефективноста на нивното спроведување, како и да дава препораки до националните власти во однос на неопходните подобрувања на нивните системи.

На Пленарниот состанок во Стразбур  учествуваат претставници  од релевантните институции од земјава вклучени во процесот, и тоа: Управа за финансиско разузнавање, Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Министерство за внатрешни работи, Народна Банка, Комисија за хартии од вредност, Агенција за супервизија на осигурување и Централен Регистар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK