– Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека западните сојузници се подготвени „ со години“ да ја поддржат Украина во војната со Русија.
Сунак на конференција за одбрана во Лондон изјави дека руската стратегија „на чекање луѓето (на Запад) да се уморат, да им стане досадно… нема да функционира“, пишува Фајненшл тајмс.
-Сега разговараме со сојузниците за тоа какви долгорочни мултилатерални и билатерални безбедносни договори можеме да склучиме со Украина, додаде Сунак, пренесува Гардијан.