– Најниски температури утрово се измерени во Берово и Лазарополе пет степени Целзиусови, а највисоки 12 во Скопје-Зајчев Рид и Виница.
Како што информираа од УХМР, седум степени се измерени во Маврови Анови, осум на Попова Шапка и во Крива Паланка, двет во Битола, Тетово, Охрид и Претор, 10 Скопје-Петровец, Прилеп, Крушево, Струмица и Демир Капија, 11 степени во Куманово, Штип, Гевгелија и Дојран.
Наврнат е воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во l/m2), два во Крушево и еден Гевгелија.
Во текот на ноќта преовладуваше ведро време со мала до умерена локална облачност. Утрово е претежно сончево со слаб ветер од променлив правец.
Времето денеска претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме проследени со силен ветер и услови за појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 30 степени.
Во Скопје претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе има услови за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Максималната температура ќе достигне 28 степени.