– Американскиот претседател Џо Бајден го номинираше генерал-полковник од воздухопловните сили Тимоти Хог за шеф на американската Агенција за национална безбедност (АНС) и Киберкомандата. Тоа го потврдува написот во магазинот „Политико“, кој го цитираше вчерашното соопштение на командата на американското воено воздухопловство.
Хог моментално е заменик-командант на воената Киберкоманда на САД, известувајќи директно до сегашниот шеф на АНС и Киберкомандата, Пол Накасоне.
АНС е американската агенција за електронска шпионажа.
Според биографијата од ВВС, Хог имал голем број позиции во разузнавањето и кибер безбедноста.