– Руската државна компанија за природен гас „Газпром“ денеска објави дека профитот за 2022 година е намален за повеќе од 40 отсто и дека нема да плаќа дивиденда за целата година.
Таа информација ги намали акциите на Гаспром за околу 4 отсто на московската берза. Државата поседува нешто повеќе од 50 отсто од таа компанија.
Годишниот профит беше 1,226 трилиони рубљи (15,4 милијарди долари), 41 отсто помалку отколку во 2021 година.