Англискиот фудбалски шампион, Манчестер сити е заинтересиран за Марко Верати.
Претходно беше објавено дека играчот од средниот ред размислува да го напушти ПСЖ, а клубот е подготвен да го продаде.
Според „Le Parisien“, неколку клубови, меѓу кои и Манчестер сити, изразиле интерес за фудбалерот. Сепак, играчот се уште нема донесено конечна одлука за заминување, иако е отворен за нов предизвик.
Триесетгодишниот Верати оваа сезона забележа 27 настапи во Лига 1.