Собраниска делегација втор ден на студиска посета на Стокхолм

собраниска делегација
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На вториот ден од студиската посета за демократски развој на шведскиот Риксдаг, делегацијата на Собранието во состав од Фадил Зендели, претседател и членовите Маја Морачанин, Мартин Костовски, Александар Велјановски, Гордана Силјановска Давкова, Арбана Пашоли, Халил Снопче, Снежана Калеска Ванчева и Здравко Трајанов беа информирани за Шведскиот антикорупциски институт, непрофитна организација формирана во 1923 година.

Како што информираат од собраниската прес-служба, мисијата на Институтот е да ги промовира процесите на етички одлуки во бизнисот, како и во остатокот од заедницата и да ја спречи употребата на мито и други видови на корупција како средство за влијание врз процесите на одлучување. Институтот става голем акцент на информациите за бизнисите и трговските конфедерации, медиумите и властите за етичкото деловно однесување, вклучувајќи закони и судски случаи за коруптивен маркетинг и поткуп. Институтот од своето основање работи на саморегулација како средство за борба против корупцијата во општеството. На тој начин, приватниот бизнис е движечка сила во борбата против митото и корупцијата и во убедувањето на Владата за важноста на силното законодавство на оваа тема.


При посетата на Институтот, како што посочуваат од собраниската прес-служба, е дискутирано за планирање, структуирање и организирање на работата во парламентот и зајакнување на процедурите и администрација. Се размениле мислења за планирање и организирање на работата на пленарна седница со цел да се олесни демократскиот процес и да им се даде на пратениците најдобра можност да ги извршуваат своите должности.

Во градот Содертање во околината на Стокхолм, пратениците имале можност да се фокусираат на локалната и регионалната демократија и да се запознаат со активностите на општинските политичари со граѓанското општество, потоа со нивните контакти со политичкото национално ниво и политичката вклученост на младите. Пратениците го посетиле Младинскиот центар „Унг фритид“ кој работи за да им понуди на сите млади значајно слободно време врз основа на околностите на секој поединец. Фокусот на нивната активност е во промоцијата и превенцијата каде што се искористувањето иницијативи, знаење и креативноста на младите и каде што се стимулираат нивните развојни вештини.

Од галеријата на Пленарната сала на Риксдагот, членовите на Делегацијата на Собранието ќе имаат можност да го проследат обраќањето на Руслам Стефаничук, претседател на Парламентот на Украина кој ќе се обрати на пратениците на шведскиот парламент.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK