Адвокатската комора и Здружението на јавни обвинители потпишаа меморандум за соработка

advokatska komora i zdruzenie na jo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Адвокатската комора Љубомир Михајловски и претседателот на Здружението на јавни обвинители Елвин Вели, согласно заедничките заложби за модерен и ефикасен правосуден систем денеска во просториите на Комората, потпишаа меморандум за соработка.

Меморандумот, како што соопшти Адвоткатската комора, има за цел размена на искуства, знаење, едукација и усовршување на кадри од областите во кои двете страни имаат кадровски и други потенцијали и интереси.


-Согласно меморандумот, Комората и Здружението ја изразуваат својата согласност за соработка и давање меѓусебна поддршка во насока на заедничко учество во стручни и научни проекти, анализи, заемно учество во советување, работилници и други професионални состаноци организирани од страна на договорните страни; организирање и учество на конференции, симпозиуми, семинари, обуки, тркалезни маси и друг вид на настани од заеднички интерес; размена на искуства во организирање на континуирана правна обука; размена на правна литература, истражувачки извештаи изготвени од договорните страни и соработка на стручните служби со договорните страни, наведуваат од Адвокатската комора.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK