Уапсени три лица поради наводен заговор за уривање на германската Влада

policija-germanija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Германското федерално обвинителство денеска соопшти дека полицијата уапсила уште тројца осомничени екстремни десничарски екстремисти поврзани со наводниот заговор на движењето Рајхсбургер, или движењето Граѓани на Рајхот, за соборување на германската влада.

Тројцата осомничени беа приведени синоќа во југозападната покраина Баден-Виртемберг.


Обвинетите се осомничени за членство во терористичка организација, се наведува во соопштението на Федералното обвинителство.

Во декември, полицијата приведе 25 лица, меѓу кои и самопрогласен принц, пензиониран падобранец и поранешен судија, кои беа обвинети за заговор за насилно соборување на владата.

Властите соопштија дека трите лица кои беа уапсени вчера биле на различни поврзани со осомничените за наводниот обид за државен удар.

Германските безбедносни агенции спречија неколку заговори во последниве години од мали групи поврзани со движењето Граѓани на Рајхот, обвинети за планирање напади врз критична инфраструктура, владини претставници, па дури и на националниот парламент.

Шефот на германската разузнавачка агенција, Томас Халденванг, вчера предупреди на порасто на антивладиниот екстремизам.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK