Вчера изречени 234 санкции за брзо возење

policija-stop
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 234 возачи.

Од нив четири возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа 140 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 94 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР.


Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK