Не можеме да ја оставиме финансиската стабилност на луѓето или буџетот на земјата на друга преодна влада, изјави денеска лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, на брифинг во седиштето на партијата.
Според него, целта над се е Бугарија и нејзината геополитичка ориентација.
Претходно денеска кандидатката за премиер на ГЕРБ-СДС, Марија Габриел, на претседателот Румен Радев му го врати неискористениот мандат за формирање влада.
Ние како морален кодекс на нашата коалиција ги прифативме транспарентноста, чистотата, јавноста. Не можевме да создадеме таква влада на која ќе и се стави грев, рече Борисов.
Тој на брифингот и се заблагодари на Марија Габриел за прифатената улога на мандатар.
-Место да оди на самитот на Г-7, таа дојде во Бугарија, даде оставка и застана до нас, истакна Борисов. „Таа одигра огромна улога во нашите следни чекори“, додаде тој.
„Последниве неколку дена активно одржувавме средби со лидерите на „Промените продолжуваат“ и „Демократска Бугарија“. Со нив тргнавме од назад кон напред – тие со 64 пратеници не можат да формираат влада, ние со 116 пратеници исто така не можеме да формираме влада. Доаѓаат нови избори. Дури и да се донесе буџет, тој нема да има политичка тежина, ниту може политички да се прави“, рече Борисов.
Според него, ако не се формира политичка влада ништо не може да се направи за Планот за закрепнување, судските и уставните реформи или други стратешки цели, како што се Шенген и еврозоната.