Движењето скоро секогаш е синоним за живот, како и за перспектива, која цели и се придвижува напред, кон подобри нешта и успеси. Транспортот е неминовен дел од истото, а месец јуни оваа година, токму пред прагот на крајот на пролетта, е време за годинешното издание за Саем за транспорт во организација на Скопски Саем. Меѓу повеќе од 30 потврдени учесници, се вбројуваат реномирани и познати бренд-имиња на импортери на товарни возила (Schmitz – Cargobull, Volvo, Mercedes Benz, Iveco, Isuzu, Ssang Yong, Piaggio Commercial, Krone, Carrier, Thermo king), како и други компании со комерцијални возила, автобуси, градежна механизација, транспортни и логистички компании, пратечка индустрија и услуги. Во рамките на тридневниот саем, којшто годинава за првпат ќе се реализира во Комплексот – Борис Трајковски, на отворено, дел од неколкудневната програма секако ќе бидат и многубројни промоции на врвни брендови во индустријата. Саемот за транспорт 2023 ќе се одржи од 7ми до 09ти јуни 2023 година, секој ден од 10:00 до 18:00 часот. За сите нови информации за овој претстоен Саем за транспорт, секој заинтересиран може да го следи Скопски Саем на www.skopskisaem.mk и на @skopski.saem на Instagram и Скопски саем – Skopski saem на Facebook. Саемот за транспорт е дел од серијата „Саеми во пролет“ во организација на Скопски Саем.