Во чест на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј во големата сала на Општина Велес денеска се одржа ораторски натпревар за учениците од средните училишта во градот на тема „Словото – исконска светлина”.
Комисијата во состав: Анита Мирчева, Фаик Мефаиловски и Кристијан Саздовски, признанието за најдобар оратор и го додели на Јана Пљокова, ученичка во прва година во СОУ “Гимназија Кочо Рацин”, ментор Милка Петровски.
Од Општина Велес која го организира натпреварот искажаа благодарност до сите учесници и нивните ментори за одличните говори.
-Учесниците и нивните ментори професори денеска уште еднаш не потсетија на значењето на јазикот, азбуката и идентитетот, и ни покажаа дека во нив, младите, е иднината. Велес е горд на својата младина, потенцираат од Општина Велес.