Ваучери за педијатриски прегледи од Клиника Жан Митрев за новороденчињата од Општина Центар

Vauceri 10
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Клиника Жан Митрев додели 130 ваучери за педијатриски прегледи за новороденчињата од Општина Центар. Доделувањето ваучери за граѓаните од оваа општина кои неодамна добиле дете, е дел од традиционалната активност со која што Клиника Жан Митрев сака да придонесе во безгрижниот и здрав развој на новороденчињата и да ги советува родителите за понатамошниот правилен развој.

Прегледите за новороденчињата ќе ги спроведува специјалист педијатар д-р Станислава Анѓелеска. Ваучерот може да се искористи во следните 3 месеци од доделувањето, потребно е само родителите да закажат преглед за своето бебе на телефонскиот број 02 3091 484.


Ваучерите за педијатриски прегледи беа доделени на настан што се одржа во Паркот на франкофонијата а како дел од потпишаниот меморандум за соработка со Општина Центар – Скопје.

 

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK